Голтнавме жаба, не е за славење, вели Тортевски

Адвокатот Алксандар Тортевски смета дека изгласувањето на уставните промени заради Договорот од Преспа, не е причина за славење. Тој на неговиот Фејсбук профил изрази и сомнеж дека со промена на името државата ќе се „оправи“…

„Не е за славење за промената на името. Бевме приморани да голтнеме жива жаба и да се полееме со катран со амнестијата. Тоа не е за славење.

Да се оправала држава со промена на име, сите би менувале име секој месец. Сега претстои тешкиот дел за што се плашам дека немаме капацитет“ , пишува Тортевски.