Google со алатка за конвертирање на вашите селфиа во емотикони

Со новатата надградба на програмата Ало, Google користи вештачка интелигенција за фотографиите на корисниците да ги претвори во соодветен емотикон пишува порталот IT.mk .

Апликацијата може да ги препознае карактеристичните црти на ликот и потоа истите ги менува со илустрации од Ламар Абрамс. Според проценките на Google, апликацијата може да генерира 563 квадрилиони различни ликови. Сепак корисникот нема да мора да избира од овој куп, туку ќе му бидат понудени 22 налепници генерирани специјално за него. Корисникот понатаму може и самиот да ги дотера овој избор и да ги прилагоди налепниците за сопствени потреби.

Креирањето на налепниците е супер едноставно. Се што треба е едно селфи, па по анализа од десетина секунди емотиконите се готови и може да се прилагодат или веднаш да се користат.

Вештачката интелигенција ја анализира сликата слично како и луѓето. Наместо рекреирање на фотографијата, овде се креираат илустрации преку препознавање на карактеристиките на ликот на корисникот.

Освен пронаоѓањето на нови можности за користење на вештачката интелигенција Google се обидува да пронајде начин да ги направи своите сервиси поатрактивни. Корисниците може да испраќаат емотикони и за корисници кои не користат Allo. На Android овие пораки одат преку системот на Allo, а на iPhone преку SMS пораки.