Горбачов стравува дека светот е пред атомска војна

Поранешниот советски лидер Михаил Горбачов предупредува дека тензиите меѓу Русија и Западот го ставаат целиот свет во „огромна опасност“ поради можен нуклеарен конфликт.
Во интервју за Би-би-си, тој ги повика сите земји да повикаат на уништување на нуклеарно оружје, објави хрватскиот портал Индекс.хр.

„Се додека има оружје за масовно уништување, како што е нуклеарно, заканата за целиот свет е огромна. Сите нации треба да повикаат на уништување на нуклеарно оружје. Ова е нешто што мора да го направиме ако сакаме да го спасиме човештвото и планетата”, предупредил Горбачов.

Би-би-си потсетува дека едно од најголемите достигнувања на последниот советскли лидер, Михаил Горбачов, беше прекин на трката за вооружување меѓу САД и тогашниот Советски сојуз.

Тој постигна договор со тогашниот американски претседател Роналд Реган, со кој двете земји се обврзуваат да го намалат нуклеарниот арсенал.

Меѓутоа, неодамна и Русија и САД се повлекоа од договорот.

SHARE