Горбачов: Знаат ли САД што прават?

Американскиот претседател најави еднострано раскинување на Договорот за уништување и забрана за производство на проектили со краток и среден дострел (INF), и ја обвинија Русија дека не го почитува.

ИНФ забранува нуклеарни и конвенционални проектили кои достигнуваат од 500 до 5.500 километри, како и нивни лансирни рампи.

САД ќе повлече еднострано од 31-годишниот договор со Русија за забрана на серијата нуклеарни и конвенционални проектили, објави американскиот претседател Доналд Трамп.

Договорот за уништување и забрана за производство на проектили со краток и среден дострел (INF) беше потпишан во 1987 година во Вашингтон, од страна на тогашниот американски претседател Роналд Реган и советскиот претседател Михаил Горбачов.

Советникот за национална безбедност, Џон Болтон, замина во Москва, каде што треба да разговара со рускиот претседател Владимир Путин за повлекување од ИНФ.

Официјален претставник на рускиот министер за надворешни работи изјави дека главна причина за оваа одлука е „сонот за униполарен свет на Вашингтон“, пренесе ТАСС.

Укинувањето на договор со Русија би можело да предизвика војна, изјави шефот на Комитетот за надворешни работи на Советот на Руската Федерациј,а Константин Косачев кој побара свикување на Советот за безбедност на ОН, на која ќе се разговара за „критичнатас ситуација“.

Одлуката на американскиот претседател ја критикуваше и Горбачов нарекувајќи ја грешка.:

„Сите претходно склучени договори мора да се сочуваат, бидејќи тие содржат нешто што не е во други документи. Тие предвидуваат супервизија. Мора да се сметаат за драгоцени“, вели поранешниот советски претседател кој предупреди:

„Никако не треба да се скине договорот за разоружување … Сфаќаат ли тие во Вашингтон до што ќе доведе тоа?

SHARE

Оставете коментар