„Во моментов верувам дека сите тројца сме во слична ситуација, целосно посветени на исклучително напорната кампања, па едвај и стасуваме да јадеме и да одмориме“ вели кандидатката за претедател на државата Гордана Силјановска воинтервју за „Женски магазин“.

Таа открива дека е одамна вегетаријанка, но дека, доколку би ги угостила нејзините противкандидати Пендаровски и Река сигурно нема да инсистира на вегетеријанска храна.

„ Не би им наметнала нужно вегетаријанско јадење, би ги почитувала нивните вкусови и желби, но убедена сум дека многу би им се допаднала мојата вегетаријанска лазања, питата со праз, посната сарма или турлитавата – и десерт во вид на овошна салата“ вели Силјановска.

Извор: Женски магазин. 

SHARE

1 Коментар

  1. Dvajca MAZISTA i Edna JADNA STARICA ! Neka se pripazat so kolku VIAGRA ke bide zachineto !!!

Comments are closed.