Говорот на телото на Захариева додека објавуваше вето за Македонија (ВИДЕО)

Попладневниот говор на телото на бугарската министерка Захариева навестува дека за време на онлајн состанокот на шефовите на дипломатиите на земјите членки на ЕУ на кој се зборувало за Македонија се случило нешто што ја вознемирило.

Еве неколку сценарија:

Дал претходно шефот на германската дипломатија остри пораки ѝ беше пратил?

Ил рој од министри за надворешни работи на онлајн средбата за Македонија ѝ се беше вдал?

Дал маската протокот на кислородот до мозокот го направил помал?

Ил Брисел за Шенген и еврозоната лоши вести ѝ беше порачал?

Сите овие причини може да бидат причина за вознемиреноста на бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева додека објавуваше дека Македонија е блокирана на патот кон ЕУ од своите бугарски „браќа“.

Ако внимателно го проследите нејзиниот говор, ќе забележите дека на почетокот таа дише тешко, на моменти е дефокусирана и едвај ги погодува зборовите, а на крајот на изјавата неколку моменти како загубена во просторот неприродно молчи.

Иако знае дека со одлуката на нејзината влада нанесува катастрофални последици за соседната држава и народ, за кој во Софија тврдат дека е бугарски, Захариева на моменти додека ја кажува срамната одлука дури и нечовечки и неприродно се смее.

Видеото од нејзината изјава на следниот линк:

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=2843304395940967&id=1915590235379059

SHARE