Грабеж во Сарај: Му украле торба со 35.000 евра

Три лица маскирани со фантомки и вооружени со автоматски пушки, денеска околу 11 часот ограбиле 27-годишен маж, кој бил паркиран со возило пред Халкбанк, потврдиле од министерството за внатрешни работи за Канал 5.

Ограбениот, неофицијално, планирал тие средства да ги уплати како дневен промет од неговата фирма.

SHARE