Град Скопје не му дал 100 евра на Шилегов, парите ги добил син на пратеничка на СДСМ

Син на пратеничка на СДСМ Татјана Прентовиќ е добитник на наградата што градоначалникот на Скопје Петре Шилегов ја измисли за да ги анимира граѓаните.

Не се точни информациите дека тој самиот ја добил наградата како што се пишува на социјалните мрежи, парите овој пат отишле кај негова партиска другарка.

“Оваа фотографија на Петар Прентовиќ е победник на вчерашниот ден на конкурсот на Град Скопје за избор на автентични фотографии, видеа или гифови од домовите на граѓаните кои го поминуваат времето во изолација сами, со нивните семејства или миленици #СкопјеДома #ShkupiNëShtëpi”, пишува на Твитер профилот на Град Скопје.

Петар Прентовиќ инаку син на пратеничката на СДСМ Татјана е првиот кој ја доби наградата на градот Скопје.

Кои се другите кандидати за наградата градот засега не објавува.