Градот Скопје продолжува со доделување субвенции за чистење на оџаците, со цел намалување на загадувањето на амбиентниот воздух и пак објави јавен повик.

Со овој повик, Градот Скопје ќе надомести дел од трошоците на граѓаните и на други субјекти за чистење на оџаците, во нето износ најмногу до 1.200 денари, а на јавниот повик можат да учествуваат физички и правни лица чие живеалиште, односно седиште е на подрачјето на Град Скопје.

Изминатите години субвенцијата беше во износ најмногу до 1.000 денари.

Субвенциите важат и за исчистени оџаци од 01.01.2020 година, a Јавниот повик трае заклучно со 30.11.2020 година, и ќе биде реализиран по принципот „прв дојден прв услужен“.

SHARE