Министериот за здравство Венко Филипче и денеска потврди дека не се планира отворање на градинките, и предупреди дека ситуацијата со коронавирусот ќе се влошува.

Според него, наесен вирусот ќе биде посилен и побрзо ќе се шири

„Луѓето нема да може да бидат надвор. Ќе бидат внатре каде инфекцијата може побрзо да се шири. Ние мора да се подготуваме за тој период“ , предупреди Филипче и рече дека некои студентските домови ќе се користат како сместувачки центри за болни од Ковид-19.

„Таму има услови, има и кујни, но дополнително со Министерството за обрзование треба да се договори тоа, рече Филипче.

SHARE