„Градоначалникот на годината“ исвиркан на Нова година на плоштадот Македонија (ВИДЕО)

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов кого што провладините медиуми на последниот ден од 2018 го прогласија за градоначалник на годината на преминот од старата во новата година доживеа јавно посрамотување откако на плоштадот Македонија беше жестоко исвиркан од гостите на новогодишната прослава на градот Скопје.

Шилегов кој на една минута пред нова година го зеде микрофонот од пејачот на Парни Ваљак Аки Рахимовски и почна да зборува, доби свирежи и погрдни извици од кои најголем дел не се прикладни да се споменат овде.

Откако беше тој и неговите колеги од дел од присутните беа прогласени за „апаши“ а свирежите не запираа Шилегов сфати дека не е омилен кај публиката по што рече дека ќе биде краток и порача дека сите треба да внимаваат со луѓето околу себе, да бидат хумани и да им помагаат на сите луѓе.

Свирежите продолжија и откако Шилегов по огнометот повторно го зеде микрофонот но вториот пат беше многу краток и само ја честиташе новата година на присутните.

Шилегов во јавноста беше често пати обвинуван дека не презема никакви мерки против загадувањето во главниот град, за влошените состојби во транспортот, јавната чистота и дека дека прави ефтини популистички мерки без да преземе конкретни чекори за подобар живот на граѓаните на метрополата.

SHARE

5 Коментари

  1. Се е добро додека народот си свирка. Нака му ја мисли ако тој истиот народ почне да тепа.

  2. […] Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, доживеа јавно посрамотување откако на плоштадот „Македонија“ беше жестоко исвиркан од гостите на Новогодишната прослава во центарот на градот, објави „Експрес“. […]

  3. […] Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов на преминот од старата во новата година доживеа јавно посрамотување откако на плоштадот Македонија беше жестоко исвиркан од гостите на новогодишната прослава на градот Скопје, објави порталот Експрес. […]

  4. […] Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов на преминот од старата во новата година доживеа јавно посрамотување откако на плоштадот Македонија беше жестоко исвиркан од гостите на новогодишната прослава на градот Скопје, објави порталот Експрес. […]

Comments are closed.