Градоначалникот на Сарај ќе ја тужи Антикорупциска

Градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети за Канал 5 изјави дека Антикорупциска вршела политичка хајка врз него.

Од Антикорупциска утврдија дека Беџети воопшто не решавал по барањата за легализација на дивите платформи на Матка и дека законот не дозволува да се градат такви објекти.

Беџети рече дека ќе ја бара правдата на суд бидејќи не чувствува вина за спорните платформи.

Градоначалникот вели дека неговиот случај е со цел да се дефокусира јавноста од другите случувања

Извор: Канал 5.

SHARE