Градско бара книжевник што ќе решава сè освен јазични проблеми (ФОТО)

Општината Градско бара работник што ќе покрива повеќе теми, како прекугранична соработка, екологија, евроинтеграции и друго, за што вработениот треба да добива плата од над 26 илјади денари.

За да им биде јасно на сите дека конкурсот е наместен и дека ќе биде примен човек близок на локалната власт и на партијата на власт, општината бара човек кој што нема никакви квалификации од погоре споменатите области во кои ќе работи работникот.

Иако работникот нема никаков допир со јазикот, лингвистиката, тој треба да е дипломиран книжевник, што покажува дека точно се знае работникот кој што треба да биде фаворизиран за прием на работа.

SHARE