„Да се врати законот против пушење во затворен простор во функција, доста е труење од туѓите лоши навики, доста е усмрдување на облека, коса и тело од чадови! Се работи за вашето и нашето здравје! Се работи за здравјето на нашите деца“, пишува во петицијата која е активна од вчера, а која досега ја потпишале 5.000 граѓани.

Во 2018 година пратениците во Собранието ги изгласаа измените и дополнувањето на Законот за заштита од пушењето, со кој се избриша ставот кој го дефинира просторот за пушење надвор од угостителските објекти, по што беше дозволено да се пали цигара на тераси, независно дали се затворени или отворени.