Граѓани ги продаваат туристичките ваучери!?

На Интернет граѓани ги продаваат ваучерите за туризам вредни 6.000 денари за прополовена цена, дознава ТВ Алсат .

Наместо да одат на одмор, граѓани им ги нудат своите ваучери на хотелиери или на сопственици на приватни апартмани за три до четири илјади денари.

И од асоцијацијата на хотелиерите велат дека слушнале за тоа:

„Има некои такви барања. Секогаш имало за било кој тип на донации и ваучери или помош, некој да си искешира на некој начин, отколку да ја употреби за таа намена за тоа што е даден тој ваучер. Не сум слушнал некој да има некаде направено такво нешто, бидејќи самите хотелиери не се заинтересирани за такви зделки. Тоа се многу мали зделки, за кои не вреди да се размислува“, вели за Алсат, претседателот на ХОТАМ, Крсте Блажески.

SHARE