Граѓаните ќе се спасат од каматите за старите долгови


Предлогот на законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на физички лица  доби виза од собраниската комисија за финансирање и буџет и чека ред да се најде на пленарна собраниска комисија за донесување.

Освен од каматите на старите долгови кон државните и јавните претпријатија, граѓаните ќе се спасат и од затезните камати за судските, нотарските и извршителските трошоци.

„Само што го изгласавме законот за отпис на камати и репрограмирање на долговите на граѓаните кон jавните претпријатија заклучно со декември 2017 година.

Преку 10 милиони евра долгови на граѓаните ќе бидат отпишани“, сподели на Фејсбук, пратеникот од СДСМ, Мухамед Зеќири.

SHARE