Граѓаните на Македонија очекуваат „супермен“ за претседател

Додека анкетите и анализите покажуваат дека македонските граѓани сметаат дека сите политичари се нечесни, кукавици, самобендисани, неодговорни и нерешителни, најновата анкета на МЦМС за Топ Тема на Ваша страна на Телма покажува дека тие сакаат идниот шеф на државата да ги има сротивните карактеристики.

Македонците сакаат чесен, одговорен, толерантен, храбар и решителен човек кој ќе ги води кон НАТО, ЕУ и подобар живот.

За гласачите најзначајни вредности што треба да ги има идниот претседател на државата на прво место со 25% е чесноста, втора најпосакувана особина е чувството за одговорност – 17,3%.

Следуваат толеранцијата, решителноста, храброста, подготвеноста за политички дијалог, патриотизам, свесност за еколоките проблеми.

Чесноста и чувството за одговорност доминираат како главни две вредности и во случај на споредба според етничката и партиска припадност на испитаниците, со мали процентни поени разлики, открива анкетата на МЦМС за Топ тема На ваша страна на телевизија Телма.

SHARE

1 Коментар

  1. Вие сте несериозни, зарем сакате да станете конкуренција на Зораните?
    (горното се однесува само до колку текстот е ваша умотворба, а не на некој демократ)
    Видете самите што пишувате ““““Македонците сакаат чесен, одговорен, толерантен, храбар и решителен човек кој ќе ги води кон НАТО, ЕУ…““““ ова значи дека Македонците не знаат што сакаат!!
    Затоа што не може човек кој ги поседува сите наброени карактерни особености на крајот да сака да ги носи нив македонците во НАТО и ЕУ!
    Едноставно затоа што НАТО и ЕУ денес само уште во затупени главурди претставуваат чесност толерантност и сл. Денес НАТО и ЕУ претставуваат најомразени творби, насилни кои со војни и утерување на демонкратија ги покоруваат народите и ги претвараат во свои вазали-колонии, менуваат име на народ и држава преку економски политички и воени колонијални методи има воспоставено контрола над скоро цела Европа па и …
    Јас не верувам дека Македонците се толку глупи и садомазохисти за да сонуваат да станат член на такво друштво, ама можеби сте во право, кој ли ќе знае што им се врти во глаата!

Comments are closed.