Дури 44,4 отсто од граѓаните ја оценуваат како лоша работата на јавната администрација во земјава.

Поразувачките податоци беа соопштени денеска а анкетата била спроведена од   Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) и „ЕвроТинк“ – Центар за европски стратегии.

Позитивно  мислење имале само 16,4 отсто од испитаниците. Погледнато по групи, највисоко мислење за јавната администација имаат симпатизерите на СДСМ и ДУИ, како и лицата со основно образование.

Граѓаните се најнезадоволни од услугите на локалните власти, односно општините, и како и од справувањето на полицијата со криминалот и од државното здравство. Најдобри оценки добило МВР во делот на патните и личните исправи и Сообраќајната полиција.

Извор .МЕТА

SHARE

4 Коментари

  1. Каква може да биде администрацијата која се` уште е полна со вмровци?

  2. Па што да се очекува од лепачи на плакати. Еден дали северџанските лепачи на плакати се поарни? Капацитетот е тој мачкаш лепиш и на едните и на другите а за тие што вредат и не сакаат да слугуваат на ниедна партија нема место ниту во Македонија.

    • За ова што го велиш потполно се согласувам со тебе и те повикувам да се бориме заедно за СЕКОЈ во Македонија, без разлика дали е член на партија или не, дали е Македонец, Албанец, Србин, Ром и т.н. да има исти можности и да биде еднакво третиран во државава. Да се бориме за поголеми права на граѓаните, подобро здравство, школство. Јас мислам дека тоа полесно ќе го постигнеме кога ќе влеземе во НАТО и ќе започнеме преговори со ЕУ. Ако ти имаш подобра идеа кажи, немам ништо против ако има подобар пат од НАТО и ЕУ за подобра Македонија.

      • А зошто мора некој да не удира со стап и да ни кажува што и како да правиме? Мое мислење е дека на партиски послушници(лепачи на плакати) и на партиите им одговара оваа никаква состојба (мислам и на двете најголеми партии а ништо поарни не се и партиите од албанскиот блок). Сите сакаат да се закачат на државно чешмиче , а од образование имаат само два мали одмора. Е сега ако се вработуваат само квалитетни кадри (кои сигурно нема да бидат партиски послушници) тогаш од партиите нема да има ништо. Нема да се смени ништо со НАТО а со ЕУ ќе преговараме многу години т.е. додека не ни се смени менталитетот. Е сега решение??????

Comments are closed.