Горан Пандев придонесе со еден, ама вреден гол, за ремито 2:2 на Џенова на гости кај Удинезе во 30. коло од италијанската Серија А.

Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија влезе во игра во 59. минута, а во 81. минута со проектил од работ на шеснаесетникот, и тоа со десната нога, намали на 2:1 во тој момент.

За 36-годишниот најдобар стрелец во историјата на македонскиот национален тим ова е осми погодок сезонава во италијанската лига, а со освоениот бод Џенова сега е два подалеку од зоната за испаѓање.

Една минута пред влегувањето на Пандев, Илија Несторовски од Удинезе ја напушти играта.

Голот на Пандев е околу 2:40 минути од почетокот на видеото:

SHARE