Границата кон Грција останува затворена до 30 септември

Забраната за влез во Грција на граѓани од Македонија, Албанија и Турција како и државјани на трети земји, продолжува до 30 септември, јави дописничката на МИА од Атина.

Станува збор за две министерски одлуки, кои во изминатите месеци се продолжуваа на секои две седмици.

За туристите и странските државјани за кои не постои забрана, дозволен е влез само преку Бугарија, односно преку граничниот премин Промахонас (Кулата) и само со негативен молекуларен тест за Ковид-19 направен 72 часа пред пристигнувањето.

Од останатите гранични премини што се отворени, односно Какавија и Кристалопиги кон Албанија, Евзони (Богородица) кон Северна Македонија, Нимфеа кон Бугарија и Кипи кон Турција, влезот во Грција е дозволен само за одредени категории и исто така со негативен ПЦР тест.

SHARE