Грчев го вработи синот во ЕЛЕМ и замолкна за албанските споменици

Реприза на емисијата Само вистина на телевизијата Канал 5 емитувана завчера ја потсети јавноста на ветувањата дадени од Мирослав Грчев за спомениците од проектот Скопје 2014.

Координаторот на работната група за ревизија на проектот „Скопје 2014“, Мирослав Грчев на 5 март рече дека тие имаат ист однос кон сите споменици, без разлика дали се македонски или албански.

-Околу плоштадот во рамки на Скопје 2014 има три албански споменици. Сите три се поставени од општината, а не од Собранието кое единствено има надлежност да поставува споменици. Ви гарантирам дека за тие споменици препораката ќе биде да се отстранат, а местото да се врати во првобитна состојба, рече Грчев тогаш.

Три месеци подоцна урнат е само споменикот на Ќосето а гаранциите и јавно искажаниот збор на Грчев за албанските споменици заминаа по Вардар.

Во меѓувреме неговиот син Димитар Грчев заедно со ќерката на Талат Џафери Бесијана, беше вработен во државната компанија ЕЛЕМ без јавен конкурс.