Грчева: Кога од мешање слатко одиш право во СЈО

„Ќе ја донесат директно од мешање слатко од смокви и почнува да краде и вработува цела фамилија. Обична, но да не се лажеме, намерно од сите избрана малоумница неписмена. Мислам на Кат – го коментира случајот во кој е вмешана и специјалната јавна обвинителка,  Катица Јанева, претседателката на политичката партија „Глас за Македонија” и поранешна пратеничка, Солза Грчева.

„Ајде сега нека ги запалат маиците шарените што ги шетаа со талентката со просек 6. Ах колку сум горда што ја исплескав во Собрание и само јас не ја гласав. Еве им ја сега…ја чекам и другата со црвениот кармин која беше извадена како од кабаре. Доста беше.“ напиша Грчева на фејсбук.

SHARE