Грчка комисија го следи спроведувањето на Преспанскиот!?

Грчката влада преку комисија го следи спроведувањето на Договорот од Преспа, откри Алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Милтиадис Варвициотис во интервјуто за грчкото радио „Параполитика“, откри дека грчката влада формирала комисија која го следи спроведувањето на Допговорот од Преспа потпишан лани, jави МИА од Атина.

„Постои една комисија која што е за книгите, а од друга страна постои една комисија што во име на грчката влада, го следи спроведувањето на овој договор“, рече Варвициотис во интервјуто.

Варвициотис смета дека тој договор „не одговори на стандардите, на националните стандарди“ на грчката страна и дека сега грчката влада се справуваат со последиците, односно управуваат со спроведувањето на договорот и со „прашањето поврзано со грчките производи што го носат називот Македонија“.

SHARE