Репортажата за „невидливото (македонско-н.з.) малцинство“ во Грција не е во склад со Преспанскиот договор, напишал грчкиот амбасадор во Обединетото Кралство,  кој вчера со писмо реагирал на написот во електронското издание на Би-би-си, пишува „Катимерини“.

Амбасадорот Карамитос-Цирас во писмото вели:

„Го прочитав со големо изненадување и разочарување публикацијата на веб-страницата на вашата реномирана организација вчера, недела, 24 февруари, насловена како “Невидливо малцинство на Грција”, која содрржи значајни историски неточности и искривувања против Грција, истовремено прекршувајќи го Преспанскиот договор. Историски договор, кој реши со декади долг конфликт, кој помогна во стабилизирањето на балканскиот регион и испрати генерална порака во корист на решавањето на меѓународните спорови засновани на дијалог и меѓусебно почитување“, пишува амбасадорот.

Договорот, потпишан помеѓу Атина и Скопје за решавање на 27-годишниот спор за името, не признава етничка припадност, туку националност, пишува амбасадорот, додавајќи дека иако Грција ја признава еднаквоста пред законот, земјата признава  само едно малцинство – муслиманско.

„Грција го задржува правото да се обраќа на луѓето кои припаѓаат на мнозинската етничка група што живеат во соседната земја, на начин како што тоа го правеле и досега, а граѓаните на таа етничка група го задржуваат правото на самоопределување”, се вели во грчкиот амбасадор.

SHARE