Грчката дијаспора му кажа „евхаристо“ на Макрон


Грчката дијаспора му изразува благодарност на францускиот претседател Емануел Макрон кој го блокираше отворањето на пристапните за Македонија и ЕУ.

„Горди сме како Грци со потекло од северниот регион на Грција, Македонија, место кое отсекогаш било составен дел од грчкиот свет (преку 3.000-годишен континуитет на историјата, културата и јазикот). Горди сме кога нешто е поврзано со националната безбедност и националната гордост на нацијата. Како резултат на тоа, ние никогаш нема да дозволиме ниту една држава чии граѓани не се Грци да го узурпираат нашиот идентитет, бидејќи никогаш нема да прифатиме нешто што ја загрозува националната безбедност на Грција, што исто така служи и на безбедноста на ЕУ“,  се вели во писмото на Светските пан-македонски грчки здруженија до Макрон.

„Вашето вето ја поправи грешката и на претходната грчка влада што доведе до лажна политичка победа во форма на Договорот од Преспа, што Скопје веќе го кршеше повеќе пати. Овој договор се заснова на лажна историја и беше ратификуван со арогантното непочитување на грчкиот Устав и против волјата на грчкиот народ. Ги заштитивте стандардите на Европа и достоинството на еден европски народ (нашето достоинство и историското право да бидеме единствени Македонци) и за ова ви благодариме“.

Извор: МКД.мк

SHARE