Грчката тајна служба вработува “Македонисти”, во Македонија радост

Професорот Димитар Љоровски Вамваковски со прекор до новинарите кои позитивно информираа за тоа што грчката тајна служба EИП (по наше ДБК) употребила македонски јазик (Јужнословенска група) во конкурс за вработување.

“Не се запрашувате зошто вработуваат дури 4 преведувачи од македонски јазик… па нели добога од пред месец дена станавме пријатели и први другарчиња или пак и понатаму ќе не гледат преку некаков си дурбин и ќе бараат непријатели меѓу нас?!?”, пишува Љоровски.

„Колку сте патетични и плитки бе!!“ прашува професорот кој во последниве 6 години е на црната листа на Грција и не може да влезе во јужниот сосед каде што има блиски роднини.

Предходно повеќе медиуми пренесоа дека во објавен оглас во Службениот весник на Грција, поточно за оглас издаден од Министерството за цивилна заштита на Грција се бараат лица кои треба да го познаваат македонски јазик за вработување во Националната агенција за разузнавање (ЕИП).

Медиумите пренесоа дека со ова прв пат се употребува Македонскиот јазик како термин кој го именува нашиот јазик од страна на некоја грчка институција.

Покрај терминот Македонски јазик, согласно договорот, во заграда стои дека се работи за јужнословенски јазик.

Грција бара преведувачи на „македонски (јужнословенски) јазик“