Грчки „Ејџиан ерлајнз“ повторно ќе лета за Скопје од 1 август

Грчкиот авиопревозник „Ејџиан ерлајнз“ ќе ги обнови летовите од Атина до Скопје од 1 август со авионите на „Олимпик ер“.

Главниот град на Македонија претпоследен во регионот повторно ќе се најде на мапата на „Ејџиан“, три дена пред Подгорица, откако на 28 март беа суспендирани сите летови поради пандемијата на Ковид-19.

Компанијата ќе ги рестартира своите операции прво со Загреб од 1 јули и билетите веќе се во продажба. За 2 јули е закажан летот до Дубровник, а за 7 јули до Сплит.

SHARE