Конзулот на Република Грција во Црна Гора, Теодорос Михалопулос, предизвикал дипломатски скандал на белградскиот аеродром Никола Тесла вечерва.

Михалопулос се обидел да влезе во авионот кој превезувал патници од Белград до Подгорица вечерва, но не му било дозволено да го стори тоа затоа што бил под силно дејство на алкохол.

Грчкиот конзул недолично се однесувал кон жените вработени на аеродромот, но исто така и некои патници. Сведок за неговата состојба е и фотографија на која се гледа спие во чекалната на аеродромот, пишува „Блиц.рс“