Грчките медиуми во Грција, го пренесуваат текстот од грчката новинска агенција АНА-МПА, дека министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи ќе продолжи да ја користи таблата со старото име, го објавуваат

„Северна Македонија: Продолжува да провоцира министерката за труд“; „Скопје: Министерката за труд не ја симна таблата со името „Република Македонија“; „Министерка на Северна Македонија инсистира на старата табла“; „Министерката од ВМРО одново се појави пред контроверзната табла Република Македонија“; „Северна Македонија: Министерката за труд не ја трга таблата со старото име на земјата“, се дел од насловите во онлајн изданијата на грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.

„Министерката за труд и социјална политика од техничката влада на Северна Македонија, Рашела Мизрахи, на прес-конференција за темите од нејзиното министерство, повторно се појави пред „контроверзната“ табла на која е напишано претходното име на земјата (Република Македонија). Мизрахи која доаѓа од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, прашана за конкретното, изјави дека таблата ја наследи кога ја презеде министерската функција на почетокот на јануари и нема намера да ја смени, јави АНА-МПА во текстот под наслов „Северна Македонија: министерката за труд ја користи таблата со старото име на земјата“ што го презедоа останатите онлајн изданија на медиумите во Грција.

SHARE