„Грчкоста“ на Македонија истакната и на дрес на фудбалски тим во Грција (ФОТО)!

Противниците на Преспански договор во Грција својот револт од, како што велат, продажбата на Македонија од Владата на Ципрас, го изразуваат на најразлични начини, па и на спортската опрема, каков што е случајот со фудбалскиот нисколигаш Неаполис.

Управата на членот на Третата грчка лига отпечати нови дресови со бела боја, на чиј заден дел, над бројот на играчот, е аплицирана карта на (Егејска) Македонија со грчкото знаме во нејзината заднина.

Досега „македонското прашање“ се злоупотребуваше преку транспаренти на фудбалски натпревари во Грција со пораките „Македонија е една и единствена и таа е тука“ и „Македонија е грчка“, а ова е прв случај политиката да се замеша во спортот и на опрема.

SHARE

2 Коментари

  1. Потврдени фашисти, свесни дека не се на своето, цело време нагласуваат дека не исчистиле етнички од Егејска Македонија. Сето тоа е со амин, ако не и смислено од “демократските” ЕУ и САД.

Оставете Коментар