Грци во напад на амбасадорката на САД за придавката “македонски”

Наезда од грчки “твитерџии” на нејзиниот Твитер профил откако за прв пат во своите твитови американската амбасадорка во Скопје Кејт Брнз ја употреби придавката “македонски”.

Дел од коментарите барат да го смени постот на Твитер, дел бараат да се направи јасна разлика меѓу Македонија и С. Македонија и меѓу Грците и Македонците. Дел пак коментираа дека Македонците биле Бугари или Словени.

Брнз учествуваше на онлајн самит на Македонскиот енергетски форум.

“Задоволство е да се зборува на Македонскиот економски форум оваа година. Дискутирав за силната поддршка на САД за регионален пристап кон енергијата, вклучувајќи реформи, диверзификација на изворите на снабдување и енергетска безбедност преку поврзување”, напиша амбасадорката во твитот кој предизвика низа коментари.

https://twitter.com/ZaklinaDamceska/status/1331012718372003842?s=19