Грција бара воена отштета за двете војни од Германија

Грција бара од Германија да ѝ исплати воени отштети за материјалните штети и кражби, репарации за жртвите и роднините на жртвите, отплата на окупаторскиот заем и враќање на украдените археолошки и црковни богатства за време на двете светски војни, се наведува во извештајот на Интерпарламентарниот комитет, за кој денеска на пленарна седница ќе расправа и ќе решава грчкиот Парламент, јави дописничката на МИА од Атина.

Претседателот на Собранието на Грција, Никос Вуцис ја оцени денешната седница како „историски момент за грчкиот Парламент”, нагласувајќи дека станува збор за „морална, политичка и историска обврска што актуелниот Парламент, нема друг избор, освен да ја исполни”.

На пленарната седница, по расправата во која збор ќе земат претставници на Владата и политичките партии, Парламентот ќе донесе одлука врз основа на извештајот.

Според Вуцис, по седницата, грчкиот Парламент ќе ги информира сите европски парламенти за одлуката на Грција да ги бара германските долгови.

SHARE

2 Коментари

  1. СТЕВЧЕ НЕКА ПАЗИ, МИНАТИОТ ПАТ КАМЕРАТА ОД КОЈА БЕГАШЕ САМО ГО СНИМАШЕ, А СЛЕДНИОТ ПАТ ВО ТАА ИСТА КАМЕРА ЌЕ ИМА МЕТАК ЗА НЕГО!!!

Оставете Коментар