Грција има највисока стапка на конзумирање на нелегални цигари во Европската унија, што ја чинеше државата 690 милиони евра помалку во буџетот минатата година, покажува извештај порачан од „Филип Морис Интернешнл“.

Извештајот покажа дека минатата година нелегалниот пазар на цигари во Грција се зголемил на 23,6 отсто од вкупниот промет со цигари.

Во ЕУ,просечната стапка на шверцувани цигари е до 8,6 % од вкупно консумираниот  тутун.

Во изминатите кризни години, зголемените даноци ги натера граѓаните да се свртат кон потрошувачката на нелегални производи, добиени и директно од земјоделците и на „црниот пазар“.Зголемувањето на оданочување на тутун доведе илјадници пушачи да се префрлат на шверцувани цигари.

Денес, данокот учествува со 85 отсто во малопродажната цена на цигарите во Грција, која е директен мотив за шверц: Кога пушач плаќа 4,50 евра за кутија цигари, 3,85 евра одат во државниот буџет и само 0,85 евра одат кај дистрибутерите и кај тутунската индустрија, пишува „Катимерини“.

SHARE