Грчкото Министерство за надворешни работи ги отфрли критиките на Москва во врска со Договорот за решавање на спорот околу името помеѓу Грција и Македонија како обид за мешање во грчките прашања, пишува „Катимерини“.

Руското МНР денеска соопшти  дека договорот е западен заговор за вовлекување на балканската земја во безбедносниот сојуз на НАТО

Како одговор на ова, од Атина оценуваат дека коментирањето на политичките случувања во земјите кои уживаат пријателски односи со Москва е „неспоивао“ со грчко-руските билатерални односи и долготрајните врски меѓу двата народа.

Од грчкото МНР изразија загриженост бидејќи изјавата на руското Министерство за надворешни работи го преиспитува демократското функционирање на институциите во Грција, чиј устав има јасни одредби за справување со нешто што влијае на внатрешниот политички поредок на земјата.

„Нашите меѓународни партнери се повикани да го почитуваат духот и содржината на договорот од Преспа и да го поздрават фактот што политичките раководства на двете земји ја покажаа неопходната политичка храброст за да стигнат до решение за едно особено тешко прашање, во исто време бранејќи ги нивните национални интереси“, соопштија од грчкото МНР.

Од руското МНР денеска соопштија дека се работи за …процес што е наметнат однадвор, кој има за цел менување на името на земјата на вештачки начин, со крајна цел насилно да го приведе Скопје во НАТО. Ова се случува спротивно на македонскиот закон“.

Москва планира да го отвори ова прашање во Советот за безбедност на Обединетите нации.

SHARE

1 Коментар

  1. Да се работеше за “вовлекување“ можеби, велам можеби и ќе најдев некакво разбирање.
    До сите овде во Москва и било каде на оваа Земја се работи за следново: МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЦИТЕ СЕ ПОД ОКУПАЦИЈА ПРЕКУ НАСИЛНО ИНСТАЛИРАЊЕ НА МАРИОНЕТСКИ РЕЖИМ КОЈ ПРИМЕНУВА ТИРАНИЈА ВРЗ МАКЕДОНЦИТЕ!
    Ваквото дефинирање можеби нема да одговара на вашите интереси ама што да правам, нема сега да ја криеме вистината за на некому да му угодиме.
    До оние кои имаа илузии дека ќе дојде некој и со волшебно стапче ќе не ослободи, живеат во илузија и жалам ама цел живот така ќе им помине, а кој знае можеби така е и подобро (“о како је лепо бити глуп“ -Боро имаше суров ама вистинит текст за одата на глупоста), ако некој сака слобода тогаш треба самиот да се избори за неа, слобода богатство и сл. не се добива на подарок туку се изборува, најчесто со оружје во рака!

Оставете Коментар