Грција ќе ѝ се испречи на Македонија и во – футсал

Покрај во ракомет, Грција ќе ѝ биде пречка на Македонија за настап на големо натпреварување и во – футсал.

Денешната ждрепка за прелиминарната фаза од квалификациите за Светското првенство во 2020 година во Литванија ги смести двата соседа во групата Ц, заедно со Албанија и со Сан Марино.

Македонија ќе биде домаќин на турнирот од групата Ц од 29 јануари до 3 февруари 2019 година, а двете најуспешни селекции ќе продолжат во главната фаза.

Македонските футсалци во претходниот циклус мундијалски квалификации пред три години само поради гол-разликата на турнирот од главната фаза во Италија не успеаја да стигнат до баражот за СП 2016 во Колумбија.

 

SHARE