Грција ќе го ратификува Преспански договор во јануари?

Дипломатски извори од Грција изразиле увереност дека договореното со спогодбата од Преспа ќе биде одобрено во македонскиот парламент и предлагаат тој да биде проследен за ратификација и во грчкиот парламент уште во јануари, пишува грчкиот весник „Елефтерос типос“.

„Промените во нивниот Устав нè задоволуваат“, рекле истите извори од Министерство за надворешни работи на Грција.

Замолени да ги коментираат шпекулациите дека Владата на Алексис Ципрас да ѝ ја препушти одговорноста за ратификацијата на Преспански договор на следната влада, изворите одговориле: „Не, нема да оставиме отворени прашања“.

Тие изразиле сигурност дека Владата има мнозинство и за ратификација на договорот потпишан во Нивици во грчкиот дел од Преспанско Езеро, и за евентуалното гласање недоверба.

Министерот за одбрана Панос Каменос и лидер на помалиот коалициски партнер Независни Грци вчера одново изјави дека ќе даде оставка и ќе ја напушти Владата ако и кога Преспански договор ќе влезе во грчкиот парламент.

SHARE

1 Коментар

  1. Па Греките не се мутави за да пропуштат ваква шанса и ги избришат Македонците.
    Вакво нешто како капитулантскиот договор на Зораните не им доаѓаше ниту на сон, затоа брзат за да не се случи нешто непредвидено.

Оставете Коментар