Грција ни воведе нова кратенка која ја нема во ,,Преспанскиот”

Додека во Брисел Европската Унија одлучи Македонија да не добие датум за преговори, во Грција на местото на ФИРОМ за Македонија се воведува нова кратенка за земјава.

Во официјални документи на јужниот сосед сега се користи РОНМ – што е скратена форма од англиската верзија на новото име, јавува Алфа ТВ.

Доказ за ова е фактура од повраток на данок на македонски турист неодамна вратен од Грција. Во графата за тоа од која земја е лицето кое бара повраток на данок, не стои целото име во кое се содржи зборот Македонија, туку само РОНМ.

Ваква кратенка нема во договорот за името потпишан во Нивици.

Повеќе детали на линкот на ТВ Алфа

SHARE