Хрватски „Вечерњи хр“, повикувајќи се на извори во босанските власти, пишува дека Грција гради два нови кампови за мигранти на границата со Македонија, во кои планира да почне да сместува околу 80.000 илегални мигранти кои сега се распоредени на грчките острови.

Босанските власти, пишува весникот, биле предупредени да се подготват за нов мигрантски бран, бидејќи движењето на десетиците илјади мигранти многу потешко ќе се контролира доколку тие бидат распоредени во близина на македонската граница, отколку сега, на изолираните острови.

Веќе градат два прифатни центри во близина на македонската граница. Тоа јасно кажува дека се подготвува нов, уште поголем мигрантски бран кон ЕУ,

Се очекува мигрантите преку Грција, Македонија, Србија и Црна Гора да завршат во Босна и Херцеговина, која е последна земја пред влезот во Хрватска, односно Европската унија, која им е главна цел на мигрантите.

„Вечерњи лист“ цитира извор во босанските власти, кој додава дека од европската мисија ФРОНТЕКС на Босна и било најавено дека земјата нема доволно ресурси да се справи со очекуваниот наплив на илегални мигранти.

Босанскиот заменик-министер за безбедност Мујо Крешиќ за Вечерњи.хр признава дека земјата нема да може да се справи со бранот.

SHARE