Грција започна кампања за брендот Македонија, Владата во Скопје молчи (ВИДЕО)

Грчката влада започна голема и скапа кампања за брендот Македонија која ќе има глобален карактер.

Во видеата и графички решенија Грција го користи името Македонија за да промовира македонска храна, вино, технологија

Во видеото што го објави грчкиот премиер Мицотакис се вели дека “нашето” наследство, иднина и култура се големи и се користат фразите голема земја, одлична храна, одлична технологија и добро вино.

Македонската влада не реагира на обидот на Грција со регистрација на пораки да го присвои терминот Македонија.

Во креативно подготвената кампања главна порака е “Macedonia GReat country” која симболично укажува на грчкиот карактер на Македонија.

Со буквите ГР како кратенка за Грција и буквата „М“ како ознака за Македонија, испишани со бело на сина позадина, се означуваат новите колективни трговски ознаки за грчките производи од грчката област Македонија, односно т.н. македонски производи.

SHARE