Стругањето на сонцето од Кутлеш од капаците на шахтите во Скопје наиде на одобрување во Грција до толку што се појавија и фотографии на маички со ликот на шахтите пред и по отстранувањето на симболот на древномакедонското кралство.

„Сега го гледаш, сега не“, пишува на маичката која ја креирале грчки твитерџии а која што стана хит на социјалните мрежи кај јужниот сосед.

„Тотално ја обожавам мојата нова маичка!!“, напиша Анастасија Мерѕу на Твитер покрај фотографијата со дизајн од маичката што ја сподели со јавноста.

SHARE