Грците пак му се налутија на Заев, го кршел договорот во делот на антиката

Изјавата на премиерот Заев за заедничката античка историја предизвика реакции на социјалните мрежи во Грција каде веднаш се прошири неговата изјава за антиката која според него била заедничка.

Веднаш по неговата изјава за телевизија Телма на Фејсбук и Твитер десетици грчки активисти го обвинија Заев дека го крши договорот од Преспа со тврдењето дека антиката е заедничка.

Според толкувањето на голем дел од грчката јавност Македонија со договрот од Нивици се откажала од античката историја и нема право да тврди дека е дел од античкото културно наследство.

Грчките активисти од владата во Атина бараат веднаш да го „превоспитаат премиерот на Скопје“ и да го предупредат дека не смее да ја присвојува античката историја која и припаѓа само на Грција согласно договорот.

“Дел од историјата ни е заедничка, факт е дека Стоби е кај нас, антиката била заедничка”, изјави премиерот Заев на јавна дебата на Телма телевизија.