Марија Маргарони, автороката на репортажата на Би-Би-Си, за „невидливото малцинство во Грција “, за дописникот на ANT1 од Лондон, изјави дека е изненадена од бројните реакции и „бучавата“ која се крена.

„Никогаш не сум добил толку многу пораки во мојата кариера“, изјави новинарката од грчко потекло која е родена во Лондон.

„Не очекував такви реакции“, вели таа и додава дека „ова гледиште беше објавено во минатото не само во британските, туку и во другите медиуми“.

Маргарони, според дописникот на ANT1, по консултација со нејзините главни уредници, најверојатно до крајот на неделата, ќе одговори на многуте прашања што се појавиле по објавувањето на репортажата .

Меѓу нив и тоа зошто сторијата – во која е поместено интервју (со адвокатот Фокас н.з.) направено минатото лето – е објавена откако „помина“ Преспанскиот договор?

SHARE

1 Коментар

Comments are closed.