Грозданов за мрачните сценарија на СДСМ, Борјан Јовановски, хаосот во 1ТВ …

Експертот за медиумски политики и прв претседател на асоцијацијата на електронски медиуми Виктор Грозданов во својата најнова колумна открива кои се плановите на власта за пресметка со критичните медиуми.

Во исто време го прашува Борјан Јовановски за причините поради кои од стабилната ТВ Телма преминал во сомнителната 1ТВ на Боки 13 за која открива фрапантни финансиски податоци.

Грозданов зборува и за другар на Андреј Жерновски (зам.мин за надворешни работи) кој станал инспектор за економски криминал и со наредба од јавен обвинител влетал во опозициска редакција да утврдува е објавена информација.

Според Грозданов овој пример не е случаен туку потврда дека одредена СДСМ структура се спрема за два сценарија кон опозициските медиуми, под плаштот дека се борат со лажни вести и сериозна злоупотреба на Роберт Поповски.

Сценаријата според него се следни:

Комплетна персонална девалвација преку апсења, мерки за претпазливост и затворање на медиумите.

Целата колумна на овој линк

SHARE