Откако СДСМ ја демантираше веста дека наводно бил постигнат договор три години Заев а една година Насер Зибери, од ДУИ реагираа дека таквата информација е злонамерна.

Артан Груби од ДУИ вели дека опозициски партии на Албанците шират лажни вести за да им ги нарушуваат позициите на ДУИ во преговорите.

„Постојаните лажни вести произведени од албанската опозиција ги поткопува преговарачките позиции на ДУИ. Тие прават се за да ја избегнат одговорноста во своите редови поради неуспехот на изборите и измамата што ја направија кон граѓаните“ ,вели Груби за Коха.

SHARE