Груби: Испорачавме сè што ветивме!

„Супер добра вест, ДУИ испорача 100 отсто од ветената програма на изборите во 2016 година“ се пофали пратеникот Артан Груби на Фејсбук и сподели и фотографија на која заедно со колегите пратеници и лидерот Али Ахмети насмеани гласале за измените на законите за вработените во администрацијата и во јавниот сектор.

„Денес во Собранието ги усвоивме промените на законите за вработените во администрацијата и во јавниот сектор.

Промените овозможуваат, признавање на дипломите за сите оние административци во државниот и јавниот сектор кои се вработени со средно образование и кои во меѓувреме дипломирале на факултет. Тие ќе ја добиваат својата плата според нивото на образование што го поседуваат.
Станува збор за сите вработени според овие два закони во централната и локалната самоуправа, образованието, науката, културата, здравството, работата и социјалната политика, агенциите, фондовите, јавните институции итн“, напиша Груби.

Плусинфо

SHARE