Претседателот на Комисијата за европски прашања, Артан Груби, не може да потврди дали предлог законот за Јавно Обвинителство ќе биде поставен на седница денеска, зашто се сомнева дека текстот можеби е променет.

„Тукушто стигна Законот за обвинителство. Треба да проверам дали се работи за истата верзија која синоќа ја договоривме и во која беа инкорпорирани нашите забелешки или има некакви измени во владиниот предлог, ако Законот е истиот само тогаш ќе биде ставен на дневен ред на Комисијата за европски прашања и ќе има време да биде изгласан до планираното распуштање на 12 февруари”, изјави Груби.

SHARE