Груби: Маврово, Ростуше и Дебар, од 6-та се селат во 5-та ИЕ

Маврово, Ростуше и Дебар, од Шестата изборна единица да се префрлат кон Петтата со измените во Изборниот закони, појасни на денешната прес конференција Артан Груби од ДУИ.

Тој рече дека тоа е веќе договорено и потпишано од сите координатори на парламентарните групи.

Груби потврди дека ДУИ недвосмислено го поддржува донесувањето на Законот за ЈО и не го условува со ниту еден друг закон и дека очекува изборите да се одржат во договорениот термин – 12 април.

SHARE