Груби потврди: Али не му даде на Заев да поднесе оставка


Пратеникот на ДУИ, Артан Груби, во емисијата „Опиниот“ на Тв Клан, потврди дека лидерот на ДУИ Али Ахмети не му дозволил на Заев да си даде оставка, зашто недобивањето датум на ЕУ не е грешка на владата туку на ЕУ, како што и претходно објавија медиуми.

„Тој беше подготвен да си даде оставка поради големото разочарување. Затоа што добил огромни ветувања. Меркел ја посети Македонија“, рече Груби.

Новинарот Бленди Февзиу го праша Груби зошто Заев се премислил за оставката, на што Груби одговори:

„Ние не се согласивме и Ахмети му рече дека немаме причина да признаеме вина која ја немаме, затоа што вината е на Европската унија која не успеа во своите ветувања, ние ги исполнивме сите услови“.

SHARE