Груби: Сега сме најблиску до менување име

Пратеникот на ДУИ, Артан Груби, во ечерашното гостување на телевизија Телма рече дека сме поблиску од кога било до решение за спорот за името со Грција.

Груби тврди дека парламентарното мнозинство покажало дека има храброст да ги решава проблемите и да спроведува реформи па таков ќе бил случајот и во процесот на решавање на спорот за името.

Запрашан околу евентуалното менување на Уставот, Груби рече дека за да дојдеме до тоа прашање, треба претходно да се решат многу други прашања. „Прашањето на Уставот е најтешкото прашање“, смета пратеникот.
Според него нема ништо спорно околу идентитетот и македонскиот јазик кој е признаен од ООН.