Груби вели дека не е вина на „рамковните“ што седат дома

Формирана е работна група која ќе ги систематизира вработените по Рамковен договор кои не се распоредени,изјави денеска првиот вицепремиер, Артан Груби.

„Тоа е дел од нашиот коалициски договор помеѓу ДУИ и СДСМ.

(…) Во моментов формиравме работна група за да ги анализираме нивните стручни подготовки колку имаме економисти, правници, ИТ-инженери, колку се со средно образовани за понатаму со МИОА да најдеме по систематизацијата што тие ја имаат за целиот јавен сектор да ги најдеме празните места“ – изјави Груби.

Тој не очекува овој процес да заврши до крајот на годината и според него, не е по нивна вина што тие лица седат дома, туку е комбинирано.

„Некои од институциите не прифаќаат. Имаме одлука за 700 вработени по К-5 Програмата да бидат систематизирани, многу институции одбиваа да ги прифатат. Разгледуваме можности за lex specialis, посебен закон само за оваа категорија луѓе и се надеваме дека ако е тоа најдоброто можно решение за да се реши овој проблем“ вели Груби како штп пренесе Плусинфо.

SHARE